Отворено ново катче „Слободна библиотека“ во рамки на велешката библиотека „Гоце Делчев“
Објавено: 5 ноември, 2025, во 12:57 часот
Во склоп на велешката библиотека „Гоце Делчев“ се отвори ново катче насловено „Слободна библиотека“, каде што сите посетители можат слободно да позајмат книга, да ја прочитаат и да уживаат во магијата на пишаниот збор. Просторот е уреден со цел да поттикне љубов кон читањето и да им овозможи на граѓаните пријатно место за одмор, инспирација и дружење со книгите.
Како што информираат од велешката библиотека, катчето е дел од активностите со кои се одбележува Месецот на книгата и веќе предизвика голем интерес кај љубителите на литературата.

-Ве покануваме да го посетите нашето ново катче, да ја почувствувате атмосферата на книгите и да си подарите малку мир и инспирација, додаваат од библиотеката „Гоце Делчев“.
Со оваа иницијатива, библиотеката уште еднаш ја потврдува својата улога како центар на културата, знаењето и книжевната традиција во Велес.
Стефани Манева


