Овие улици и населени места во општините Велес и Чашка ќе немаат струја во четврток

Објавено: 25 август, 2026, во 08:43 часот

Ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа во насока на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на територијата на општините Велес и Чашка во четврток, на 27 август, годинава.

Во градот Велес, во периодот од 08:55 часот до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од граѓаните кои живеат на улиците „3-та Кумановска бригада“, „Наум Наумовски Борче“, „Ганчо Хаци Панзов“, „Оливер Китановски“ , „Алексо Демниевски Бауман“, зградите на Општина Велес, на Архив во Велес, на „Гимназија Кочо Рацин“, и на бензиска пумпа „Мак Петрол“ кај семафорите.

Од 09:30 часот до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на улиците „ Јордан Џурнов“ и на „Стеван Богоев“.

Жителите на селата Црешнево и Бистрица и ќе немаат струја во периодот од 09:05 часот до 12:30 часот.

Во Општина Чашка во временски период од 09:05 часот до 12:00 часот ќе немаат електрична енергија жителите на село Мартолци додека од 09:30 часот до 12:30 часот жителите на село Папрадиште како и Планинарски дом Чеплес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.