ОВР Свети Николе и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
Превентивна активност во рамки на кампања под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, вчера, беше спроведена од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе при Сектор за внатрешни работи Штип.
-Полициските службеници на повеќе патни правци околу Свети Николе, како и во централното градско подрачје преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, за санкциите по однос на овој прекршок, дотолку повеќе што во последно време тој претставува еден од сериозните причинители за сообраќајни несреќи, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Полициските службеници делеа и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП се со цел превенција и заштита од оваа појава. Исто така, и зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Стефани Манева