„Парламентарците“ на ООУ„Рајко Жинзифов“ учесници се и во кампањата „Сите права за сите деца“

Објавено на 27 февруари, 2025 во 12:06

Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари веќе трета година е вклучено во проектот „Децата на 1-во место!“ чија цел е да го поддржи и промовира почитувањето на правата на детето како предуслов за демократски училишни заедници кои градат и негуваат активни и одговорни граѓани.

Проектот се спроведува од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ а финансирањето е обезбедено од страна на Европска Унија. Во него учествуваат 5 основни училишта меѓу кои е и велешкото училиштето „Рајко Жинзифов“ каде наставата се одвива на Босански јазик.

Во рамките на проектот, покрај другите активности, се спроведува и кампањата „СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА“ која има за цел да ја информира и едуцира јавноста за правата на детето, да ја зголеми свесноста за важноста од ученичкото учество и вклучувањето на учениците во донесувањето одлуки преку Ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител како и да ја зголеми свесноста за безбедноста на децата во сајбер просторот и начините на заштита.

Членовите на училишниот парламент на ООУ „Рајко Жинзифов“ говорат во видеата кои се дел од оваа кампања.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.