Партиската припадност за многумина е побитна од грижата за животната средина! Поткаст со Дени од „Зелените“
Загадениот воздух во Скопје како да е само зимска тема. Го преспиваат ли остатокот од периодот носачите на одлуки? Со зелен став наспроти моќници. Поткаст XYZ со Дејан Димитровски од граѓанската скопска организација „Зелените“.
Во поткастот Димитровски, од „Зелените“, како поранешен советник во Општина Гази Баба и пример на еколошки активист кој размислува со своја глава во интерес на гаѓаните изјави: „Штом го чуствуваме се уште огромното загадување на воздухот, значи не е направено доволно“.
Димитровски ќе потврди дека: „Не секогаш од советникот се бара да размислува со своја глава. Мнозина советници во Советите се научени само да климаат со главата во знак на одобрување на сешто. Партиската припадност за многумина е над грижата за животната средина и сопственото здравје. Затоа, многу е важно во општинските Совети да има што е можно повеќе независни советници. Бројот на независни и зелени советници може да обезбеди 4-5 пратенички мандати. Потребно е обединување на зелените активисти и движења во Македонија. Има страв кај партиите. Тие изгласаа закон за да не ограничат да се кандидираме како независни.“
Во поткастот ќе слушнете и за можностите на граѓанската активност да влијае врз политичките одлуки за заштита на животната средина, за најефективниот начин за мобилизирање на заедницата за заштита на животната средина. Димитровски потврдува дека: Не спроведувањето на законите не носи на ова ниво на кое сме.“
Затоа Димитровски со своите зелени соборци ќе рече:„Не сме задоволни од напредокот како активисти. Каде и да има протест за животната средина, таму сум и јас! На свој грб ја осетив партиската машинерија но не смее да се сопре.“
Водители на подкастот се: Димитар Андонов, Марко Ангелов, Ива Андоновска и Стевче Дечев.
Продуцент и техничко водство е на Зоран Ставрев. Техничката реализација на Димитар Андонов и асистенција од Филип Спиров.
За светлото одговорен е Панче Спиров.
Уредник: Стевче Дечев.
XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „Млади – агенти на промените“, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
„Оваа видео е произведено со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.