Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат

Објавено: 28 јануари, 2026, во 13:07 часот

Посетата на министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, започна со средба со градоначалникот Бошко Цветковски и продолжи со членовите на Советот на општината, на која се разговараше за клучните активности на министерството, можностите што им стојат на располагање на општините како и конкретните потреби и развојни планови на Општина Лозово насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Перински нагласи дека неговата цел е да биде присутен на терен и директно да ги слушне потребите на општините. На средбата стана збор и за воспоставениот Ресурсен центар, преку кој општините може да обезбедат поддршка за полесно и поефикасно водење на клучните процеси.

Во рамки на посетата беше извршен и увид на два проекти: „Реконструкција и партерно уредување во населено место Лозово“ и „Реконструкција и партерно уредување во населено место Лозово“. Проектите се финансирани преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година. Вкупната вредност на проектите изнесува 6.171.976 денари.

Станува збор за проекти со кои во Лозово, административниот центар на општината, се изградени ново детско игралиште и јавен простор пред општинската зграда, поставено е современо осветлување и урбана опрема.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.