Пешадиска обука „Војник во напад“ во велешката касарна
Објавено: 11 февруари, 2026, во 16:22 часот
Новопримените професионални војници во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ учествуваа во пешадиска обука на тема „Војник во напад“.
„Питомците од 3 и 4 година и денес учествуваа во обуката на професионалните војници во улога на командири на одделенија и командири на водови. Во текот на реализација на обуката беа обработени и практично изведени и извежбани сите постапки на оваа тема,“ соопшти АРМ.
Убавка Јаневска


