По долго очекуваното прво снежно утро – Велес под прв снег зимава (фото)
Објавено: 21 јануари, 2026, во 10:32 часот
По неколку годишно чекање на снег во градот, утрово, конечно велешани се разбудија во снежна идила. Додека паѓаше снегот вака изгледаше Велес, во првото снежно утро во 2026 година. По слободна проценка висината на снежната покривка во Велес изнесува околу 5 см. Во моментот снег во градот не паѓа.





И Градски парк под снег.




Дума.мк се заблагодарува на испратените фотографии од читател кој не сакаше да се напише неговото име.
И уште фотографијата од Велес рано утрово, кај ООУ „Св. Кирил и Методиј“ како и две панорами од кула над поранешна стоковна куќа „НА – МА“ на центар на градот и на источна страна.



Дума.мк


