Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 8 февруари, 2022 во 12:21
Жената била на шеесет и девет годишна возраст од Велес.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 69 ковид пациенти од кои 49 се потврдени позитивни, тројца пациенти се сомнителни и 13 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 46 пациенти, на Интерно Б одделение осум и на Физикална – ковид одделението 15 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес римени се пет пациенти и еден пациент е преместен од Интерно одделение на Физикална – ковид одделението.
Стефани Манева