Починат пациент од корона вирус, се намалува бројот на лежечки болни во велешката болница
Објавено на 12 мај, 2021 во 16:27
Починатиот е на 69 годишна возраст, од село Мелница, позитивен на корона вирусот и лекуван пет дена во Модуларна Болница.
Во моментов во Општа болница Велес хоспитализирани се 49 ковид пациенти. Од нив 37 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 23 ковид пациенти.
Во текот на денешниот ден испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение се лекуваат 26 пациенти, на Интерно одделение шест и во Модуларна болница 17 ковид пациенти.
Стефани Манева