Велешанец починал по пад од скали во домот
Објавено на 14 март, 2024 во 12:50
Во двор од семејната куќа вчера, од страна на лекар од Итна медицинска помош Велес била констатирана смрт без траги на насилство кај седумдесет и четири годишниот К.К од Велес. Како што соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес, според пријавеното од 58 годишната сопруга на починатиот велешанец, тој околу 17:00 часот паднал по скали по што починал.
Случајот во Сектор за внатрешни работи Велес бил пријавен од страна на Итна медицинска помош во 18:20 часот.
Увид извршила екипа од СВР Велес а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Стефани Манева