Почината пациентка од коронавирус во велешка болница и еден пациент транспортиран во Систина, Скопје

Објавено на 3 мај, 2021 во 16:40
ЈЗУ Општа болница Велес

Пациентката е на 78 годишна возраст, од Велес,  позитивна, лекувана 2 дена на Интерно одделение потоа префрлена и лекувана уште 6 дена во Модуларната Болница.

Во моментов во велешката болница хоспитализирани се 72 пациенти од кои 60 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Во текот на вчерашниот ден, транспортиран е пациент за Скопје во Приватната болница Систина.

Во моментов на кислородна поддршка се 24 пациенти.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 36, на Интерно одделение шест ковид пациенти, во Физикална пет и во Модуларна болница 25 пациенти.

Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели: