Починати двајца пациенти од Ковид-19 во ЈЗУ Општа болница Велес
Објавено на 5 ноември, 2021 во 15:47
Почината е жена на 58 годишна возраст и маж на 70 годишна возраст, двајцата од Велес и лекувани на Инфективно одделение.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкуно се хоспитализирани 48 пациенти, од нив 33 се потврдени позитивни и еден пациент е сомнителен.
-Во текот на денот примени се пет пациенти, еден на Инфективно одделение и четворица во Модуларната болница. Испишани се двајца пациенти како оздравени, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 25 ковид пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 24 пациенти, на Интерно одделение осум и во Модуларна болница 16 ковид пациенти.
Стефани Манева