Починато бебе донесено во велешка Општа болница
Објавено: 24 јули, 2025, во 11:45 часот
Новороденче на деветмесечна возраст, вчера уро, во 8:30 часот било донесено за медицинска помош на Детско одделение во ЈЗУ Општа болница Велес.
-Новороденчето беше примено без знаци на живот. Лекарски тим составен од специјалисти педијатар и анестезиолог веднаш пристапија кон реанимација на бебето. И покрај повеќето обиди не успешно беше бебето да се врати во живот. Подоцна од родителите бевме информирани дека за жал, детенцето, имало здравствени проблеми кои што биле решавани со оперативни зафати, рече др Ванчо Граматов, специјалист хирург и портпаролот на болницата.

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, во 08:30 часот добиле пријава од Општа болница Велес за донесено новороденче без знаци на живот.
„Пријавено е дека на детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, велешко, кое од претходно било со здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција“, соопшти СВР Велес.
Убавка Јаневска


