Поделени 700 посни оброци со топло црвено вино на ранливи семејства во Велес (видео и фото)
Објавено на 6 јануари, 2025 во 14:44
Од парче пржена риба, ориз и лепче како и чаша црвено варено вино се состоеше денешниот посен оброк за 700 членови на ранливи семејства во Велес. Посниот оброк е во чест на верскиот празник Бадник и беше дел од хуманитарната акција на Гостилница „Боем“ и велешки Црвен Крст со повеќемина донатори. Количината на црвено вино ја подари „Леов компани“.
Бадниковите оброци напладне се делеа на добро познатата локација во центар на Велес пред Гостилница „Боем“.
Убавка Јаневска