Подготвени 706 тезги за традиционалниот „Неготински панаѓур“
Објавено: 29 август, 2025, во 13:55 часот
Неготино повторно ќе биде домаќин на една од најстарите стопанско-културни манифестации во Македонија – традиционалниот „Неготински панаѓур“, кој ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември. Подготовките за настанот се веќе во тек, а оваа година ќе бидат поставени вкупно 706 тезги распоредени во шест различни зони, информираа од Општина Неготино.
На последната седница на Советот на општината беше усвоена програмата за поставување урбана опрема на јавни површини во градското подрачје, што претставува дел од логистичката подготовка за панаѓурот.
Тезгите ќе бидат достапни за сите заинтересирани продавачи и изложувачи, а цените ќе се движат по метар должен, во зависност од зоната и атрактивноста на локацијата.
Општинската комисија веќе ги започна организациските активности, со цел панаѓурот да помине во најдобар ред, како и изминатите години, а се очекува голем број посетители од општината, регионот и пошироко од цела Македонија.
Дума.мк
