Поголем дел од Велес без струја во недела поради санација на дефект во трафостаница

Објавено: 26 септември, 2025, во 13:08 часот

Поради санација на настанат дефект на собирнички раставувачи во напојната трафостаница 110/10 Велес 1, поголем дел од градот Велес ќе остане без електрична енергија во недела, на 28 септември, во периодот од 05:00 до 09:00 часот. Во наведениот временски интервал без струја ќе бидат сите објекти кои се наоѓаат на бројни улици и индустриски зони низ градот.

Меѓу засегнатите локации се улиците 11 Ноември, Раштански Пат, Луј Пастер, Камка Тоцинова, Мите Богоевски, Наце Димов, Неретва, Велес, како и деловни објекти како фабриките Брако, Ветекс и свињарската фарма Валентина. Без напојување ќе бидат и улиците Гоце Делчев, Петар Михов, Бошко Златанов, Креснеско Востание, Киро Рогужаров, Коце Димов, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Маца Овчарова и Вера Циривири, како и делови од населбите околу Стеван Богоев, Славко Давчев, Благој Страчковски, Јордан Џурнов, Славјанска, Ѓорѓи Димитров, Благој Јосмов, Богдан Каракостев, Јовче Ќучук и Архиепископ Михаил.

Прекинот ќе ги зафати и жителите и објектите лоцирани на улиците Партение Зогравски, Мицко Козар, Петре Милевски, Тодор Јанев, Димитрие Чуповски, Роса Плавева, Васил Главинов, како и трговскиот центар и станбените згради во комплексот Вел Сити. Електрична енергија нема да има ни на улиците Браќа Миладинови, Крали Марко, Браќа Поп-Јорданови, Даме Груев, Љубен Весов, Коле Неделковски, Димче Димовски, Сараевска, Лазо Осмаков и Пајак Планина, како и во ЈЗУ Општа Болница Велес.

Исто така и Комплекс Узус, фабриките Ангро Вардар, Кожара, Мирана, Димче Мирчев, Маслодајна, Леов Компани, како и објектите околу улицата Асном, Пожарната станица и Железничката станица Велес исто така ќе бидат без струја. Прекин ќе има и на улиците Моша Пијаде, Велес, Вардарска, Енгелсова, Крсте Мисирков, Методија Андонов–Ченто, Христо Узунов, Христо Татарчев и Петре Поп Арсов, како и во трговскиот центар Пододекор и фабриките Миса, конфекција Стоби и Колска.

Исто така, без електрична енергија ќе бидат и улиците 8-ма Велешка Бригада, Мирка Ќинова, Лазо Трпковски, Костурска, Игманска, Коњички Пат, Ќиро Ќучук, Александар Несторов, Славе Евтовски, Белградска и Ѓемиџиска. Струја ќе немаат и улиците Наум Наумовски-Борче, Ганчо Хаџи-Панзов, Оливер Китановски, Тодор Христов Офицерчето, Благој Ѓорев, како и објектите околу УСО Кочо Рацин, Алексо Демниев, 8-ми Септември и Страшо Пинџур.

Единствен објект кој ќе има струја во тој период е Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, која ќе биде напојувана од алтернативна трафостаница. Од електродистрибуцијата апелираат до граѓаните за разбирање, со уверување дека санацијата е неопходна за безбедно и квалитетно електронапојување во иднина.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.