Погребани посмртните останки на Прим. Д-р. сци. Никола Стојановски во Велес (видео и фото)

Објавено: 4 август, 2026, во 16:21 часот

Во велешката црква „Свети Спас“ тројца свештеници на Епархија Повардарска го водеа верскиот чин на испраќање на упокоениот народен лекар, врвен педијатар, основач на Детско одделение и директор на Медицински центар на Титов Велес, учесник во историскиот настан – Штрајк на велешките Гимназијалци во борбата против бугарскиот фашистички окупатор за одвивање на настава на мајчин, Македонски јазик, партизан поточно учесник во Народно ослободителната борба на македонскиот народ, пратеник од Велес и претседавач на конститутивната седница на Собранието во самостојна, суверена и независна Македонија, претседател и почесен претседател на Сојузот на борци на Македонија – Прим. Д-р.сци Никола Стојановски.

Пред неговиот ковчег, денеска, дојдоа, се поклонија, му оддадоа почит освен членовите на семејството исто така и почитувачите на неговиот лик и дело. Отец Горан Панзов говореше во духовниот храм пред присутните.

По завршување на верскиот започна државниот погреб со кои раководеа припадници на Гардата на македонската Армија. Гардистите го покрија ковчегот со посмртните останки на Никола Стојановски со државното знаме и ги изнесоа во дворот на црква „Свети Спас“ каде Војниот оркестар на Армијата го изведе Посмртниот марш.

Гардистите го носеа ковчегот до вечното почивалиште каде од Прим. Д-р.сци Никола Стојановски се простија повеќемина говорници. Сите тие потсетија на неговите заслуги како државнички така и медицинско научни.

Пред спуштањето на ковчегот во велното почивалиште Гардистите испукаа почесен плотун и потоа и го предадоа знамето на Република Македонија на ќерката д-р Александра Стојановска.

Прим. Д-р.сци Никола Стојановски почина завчера, недела, 2 Август, на 103 годишна возраст. Тој е велешанец којшто е заслужен граѓанин со бројни историски, научни, медицински и пред се човечки вредности.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.