Полицијата фати крадци во поранешна „Топилница“
Објавено на 21 февруари, 2023 во 10:31
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека вчера, во 20:30 часот, биле лишени од слобода двајца крадци на возраст од 22 години од Скопје. А.Ц и В.А од поранешна „Тополница“ украле предмети кои подоцна биле пронајдени и вратени на сопственикот.
-При личен преглед кај В.А е пронајден и нож, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Двајцата скопјани се приведени во полициска станица Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева