Полицијата го лиши од слобода разбојникот кој во Велес тепаше жени и крадеше

Објавено: 20 април, 2022, во 16:23 часот

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, го лишиле од слобода У.Ф.(32) од Велес. Тој се сомничи дека извршил две кривични дела „разбојништо“. Првото во куќа на улица „Вера Циривири“ и второто во куќа на улица „Благој Нечев“ во Велес.

Разбојникот кривичните дела ги сторил на 5 и 6 април, годинава.

Според полицијата, во станицата во Велес, службеници со него извршиле службен разговор и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.