Полицијата лишила од слобода двајца велешани – првиот возел со забрана а вториот немал возачка и бил пијан
Објавено: 27 мај, 2026, во 13:53 часот
Двајцата велешани се откриени во сообраќајни контроли на полициските службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, спроведени на главни сообраќајници во градот.
„На 26.05.2026 во 16:50 на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.Р.(20) од Велес. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека Х.Р. го управувал возилото со впишана активна заштитна мерка забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 26.05.2026 во 21:45 часот на ул.„Ангел Мишев“ во Велес , полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.А.(59) од Велес. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека Г.А. го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,45 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


