Полицијата поднесе кривична пријава „за четири тешки кражби“ против кавадарчанец

Одделението за внатрешни работи Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против четириесет и две годишниот О.В. од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
„Во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, О.В со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман одзел различни предмети. На 06 мај 2025 во 07:00 часот на улица „Зелен пазар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода, а од Основен суд Кавадарци изречена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
