Полициски билтен: Маж истепал тројца велешани, пожар во канцеларија во производствен погон на фирма во велешко
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека изминатиов викенд во полициска станица биле пријавени тепачка и пожар.
Поточно, во саботата, 25 март, околу 21:00 часот, триесет и две годишниот велешанец К.Н пријавил дека настанал пожар во канцеларија во производствен погон на фирма во велешко. Пожарот бил локализиран од страна на вработен но увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Во неделата, на 26 март, во 16:30 часот, полициски службеници го лишеле од слобода педесет и шест годишниот Б.Ш. Според пријавеното, тој на улица „Караорман“ во Велес физички го нападнал дваесет и пет годишниот М.М од Велес, неговата сопруга а потоа и нејзината мајка. Од СВР Велес додаваат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева