Полициските службеници на СВР Велес пошумуваа на езеро „Младост“ на денот на македонската полиција

Објавено на 7 мај, 2025 во 17:10

Акцијата за пошумување на брегот на езеро „Младост“, како една од најпосетените туристичко-рекреативни локации во близината Велес, се одржа денеска, 7 Мај, на Денот на македонската полиција.

Како што соопштија, главната цел за спроведување на акцијата е да се манифестира потребата од грижа за животната средина, а притоа и да се мотивираат граѓаните заедно со полицијата да дејствуваат во насока кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. За таа цел, во соработка со Шумско стопанство „Бабуна“ беа поделени садници и беа засадени на претходно определени места.

-Полициските службеници, како сигурен и кредибилен заштитник и партнер на граѓаните, остануваат посветени не само во остварување на своите законски надлежности туку и во продлабочување на соработката со граѓаните, со граѓанските организации, со локалните и други институции во различни сфери од секојдневието, додаде Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.