Помор на риби во езеро „Младост“
Млади угинати риби плутаат на езерската површината на самиот крајбрежен појас на велешко езеро. Угинатите риби се многубројни и плутаат во јата. Оваа информација ја споделија граѓани со редакцијата на Дума.мк. Тие информираа веднаш штом угинатите риби ги забележале додека шетале покрај брегот.
Информацијата ја потврдија од Здружение на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес,
-Станува збор за угинати количини на подмладок на риби од овогодишниот мрест. Тие се забележани на потегот од пред рестораните „Брод Панини“ и „Глориус“ се до браната на езерото. Ветерот ги носи и кон хотел „Романтик“. Во контакт сме со Општина Велес од каде по пријавата добивме првична информација за ангажирање на стручни лица кои ќе се вклучат за да се утврди причината на поморот, рече Даниел Наумоски претседател на здружението „Бабуна“.
Од граѓанското здружение повеќе информации најавија за подоцна, во текот на дрнот.
Убавка Јаневска