Попладне и вечерва воени вежбовни активности на стрелиште во Долно Оризари, граѓаните да не се вознемируваат

Објавено на 29 март, 2022 во 13:48

Командата за Обука и Доктрини на Армијата на Република Северна Македонија, како дел од транспарентно прикажување на активностите кои можат да предизвикаат зголемен интерес, ги информира граѓаните на општина Велес дека денес, 29.03.2022 година, во време од 18.30 до 22.30 часот, на стрелиштето „Долно Оризари“ – во реонот на село Долно Оризари, ќе се изведуваат активности во кои ќе се користат вежбовни артифиции.

„За време на изведување  на планираните активности во склоп на обуката на Центарот за индивидуална обука од Касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес, повремено ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција.

Наведените активности се дел од месечните Планови за изведување на неопходната обука на припадниците на единицата во теренски услови при што се преземаат сите неопходни превентивни мерки за безбедност за извршителите и околината.

Согласно процедурите со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на општина Велес“, пишува во соопштението за јавност на Командата за Обука и Доктрини на АРСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.