Попладневните врнежи од дожд создадоа Суперкелиски облак над Велес (видео и фото)
Објавено: 4 август, 2025, во 20:06 часот
„Попладнево Велес и околината беа зафатени од силно невреме со многу обилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Непосредно пред големото невреме над Велес се формираше и Суперкелиски облак,“ напиша во ФБ статус метеопрогнозерот Славчо Поповски.
На фотографијата објавена на порталот Метеоаларм е прикажано дека Суперкелиски облак се формирал над дел од велешката населба Тунел.
Според информации на Управа за хидрометеоролошки работи во Велес УХМР попладнево наврнати се 17л/м2 дожд.
Исто така, граѓани на Велес објавија повеќе фотографии и видеа од попладневните врнежи.
.
Убавка Јаневска


