Поповски: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно
Објавено: 20 септември, 2025, во 10:14 часот
„Уживајте во убавото време со многу сонце и пријатна летна топлина преку ден се до 25 септември. До тогаш Македонија ќе биде под влијание на Антициклон и во поле на висок воздушен притисок. Температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, односно тие ќе се движат близу 30 степени, а во Повардарието како и во Скопскиот регион тие повремено ќе надминуваат 30 степени. Утрата остануваат и понатаму свежи.
Веќе од 26 септември па во деновите потоа ни следува голема временска промена, односно, зголемување на облачноста, намалување на воздушниот притисок и повлекување на Антициклоналниот гребен. Во ваква ситуација ќе имаме значително почести и пообилни врнежи од дожд, значително ладно време поради продор на значително поладен воздух од север, а самиот крај на овој месец како и во почетокот на октомври можна е и појава на првите врнежи од снег на планините за оваа сезона,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


