Поради автомобилите пред зградата, ЈКП „Дервен“ не може да го реши проблемот на граѓаните на улица „11 Октомври“

За да се реши проблемот на станарите во зградата со број 3 на улица „11 Октомврси“ во Велес, потребно е тие да не ги паркираат возилата на паркингот. Вака одговори општината на новинарското прашање на Дума.мк: зошто не е постапено по барањето на овие граѓани на Велес кои имаат проблеми со мравки, бубачки, пердуви и измет од птици на нивните тераси како последица на големите крошни на засадените дрвја непосредно до зградата.
-На 15.04.2021г. доставена е рекацијата на граѓаните за непостапување. ЈКП „Дервен ја информира општината дека во неколку наврати е поставено известување на зградите на паркингот за отстранување на возлилата за да може целосно да постапи по решението, но од страна на граѓаните нема соработка. Се додека не се отстранат возилата од паркингот, ЈКП Дервен нема да може да постапи заради настанување на материјална штета, се вели во одговорот што денеска го испрати Општина Велес.
Во одговорот исто така, општинските службеници пишуваат дека постапката за утврдување на состојбата со дрвјата на улица „11 Октомври“ број 3 од Велес е завршена на 4 мај 2021 година. Тогаш е донесено решение за сечење на две дрвја и кастрење на три листопадни дрвја. ЈКП „Дервен“ бил задолжен за постапување во рок од 10 дена.

Работници на градското комунално претпријатие, во меѓувреме делумно да постапат и исекле едно листопадно дрво. За сечење на уште едно и кастрење на три листопадни дрвја потребно е на паркингот да нема возила при интервенцијата за да не се предизвикаат материјални штети.
Станарите на петкатницата позади Трговскиот центар во „Нова Населба“, завчера, испратија реакција до Дума.мк со образложение дека не можат да си ги стават во употреба терасите поради раширените гранки на дрвјата преку кои и во домовите им влегувале мравки и бубачки, додека постојано собирале перудиви и измет од птици.

Денешниот писмен одговор на новинарските прашања, значи дека станарите на зградата ќе мора времено да ги паркираат возилата на други локации наместо на паркингот пред петкатницата. Така само можат да создадат услови за работа на работниците на ЈКП „Дервен“ и трајно да го решат проблемот.
Убавка Јаневска
