Поради закана со метален предмет приведен возач на главна улица во Велес
Објавено: 25 април, 2026, во 14:23 часот
Шеесет годишниот Г.Д од Велес бил приведен во Полициска станица затоа што, вчера попладне, во 15:10 часот во Велес, му се заканил со метален предмет на на 16 години помлад, исто така, возач поради несогласување во сообраќајот.
„Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Д.(60) од Велес, постапувајќи по пријава дека на улица „8 Септември“ во Велес, по претходно недоразбирање во сообраќајот, му се заканувал на Ќ.Д.(42) од Велес, со употреба на метален предмет. Тој бил приведен во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



