Поранешен претседател на кавадаречки ќе седне на обвинителна клупа во велешки Основен суд
Објавено на 3 јули, 2025 во 14:12

Основно јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес на 27 јуни годинава поднело Обвинителен предлог III.KO.бр.46/25 против обвинетиот Л.Н.од Kавадарци за кривично дело „несовесно работење во службата“ од чл.353-в ст.4 од Кривичниот законик.
По Обвинителниот предлог против Л.К, поранешен претседател на Основен суд Кавадарци, оформен е предмет К.бр.224/25 кој доделен е на постапување на судијата Ангел Трипчев. Главна расправа закажана е за 23 септември, година, со почеток во 10:30 часот.
Убавка Јаневска
