Пораст на наталитетот во Кавадарци: Во првиот квартал од 2025 се родени 25% повеќе бебиња

Во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци во првиот квартал од 2025 година се родени 25 проценти повеќе бебиња во споредба со истиот период минатата година. Овој пораст на бројот на новороденчиња се смета за позитивен показател и значаен придонес за локалната заедница.
Од болницата велат дека зголемувањето на наталитетот е причина за голема радост, не само за установата туку и за целата заедница.
-Ова не е само статистика – ова е живот, иднина и надеж. Среќни сме што сѐ повеќе семејства го избираат токму нашиот родилиштен оддел за еден од најважните моменти во животот. Нашите тимови вложуваат максимална стручност и човечност за секое новороденче и за секоја мајка, велат од Општата болница Кавадарци.
Тие додаваат дека посебна гордост им претставува тоа што се дел од овој позитивен тренд и ќе продолжат со посветеност и љубов да се грижат за секој нов живот што започнува токму во нивната болница.
Дума.мк
