Повторно казнети возачи коишто не пропуштаат пешаци на територија на СВР Велес
Објавено на 8 април, 2022 во 12:32
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи коишто не даваат првенство на минување на пешаци на пешачки премин.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека биле констатирани и санкционирани седум прекршоци од кои шест во Велес и еден во Кавадарци.
Стефани Манева