Повторно родител бара од полицијата да му ја најде малолетната ќерка
Објавено на 31 август, 2024 во 16:24
Четириесет и три годишниот Н.А.(43) од Крива Паланка, вчера вечер, во 19:45 часот во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци пријавил дека неговата ќерка С.А.(16) се оддалечила од домот во кој привремено престојувале во село Сопот, кавадаречко.
„Според пријавеното, таа најверојатно заминала со Д.„Н“ од Виница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк