Повторно се појави мртвата растителна маса на површината на езеро „Младост“ (видео и фото)

Објавено: 3 март, 2026, во 15:10 часот

Во заливот, на вливот на Отовичка река, повторно се појави мртвата растителна маса која плови на површината на водата. Засега количините се мали но се чини дека брзо се размножуваат. Тие директно доаѓаат од Отовичка река. На лице место, кај заливот, се шири смрдеа на фекалии. Отворени канализациони цевки има во речното корито на Отовичка, тврдат извори за Дума.мк.

Еве како изгледа овој дел од езеро „Младост“.

Дума.мк денеска побара став од претседателката Антоанета Стојанова на Комисија за следење на состојбата на езеро „Младост“. Стојанова ја праша дали ја имаат евидентирано новонастанатата ситуација и му претстои ли повторно заробување на површинскиот слој на водата со наслагите од алги како и со мртва растителна маса. Стојаноска одговори дека неколку дена поради други обврски не биле на „Младост“ како и дека возможно е да започне да се враќа состојбата со загадувањето на водата бидејќи се покачуваат температурите на воздухот.

Стојановска додаде дека во текот на утрешниот ден ќе може да даде дополнителни информации.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.