Пожар избувнал покрај пругата во Долни Дуќани, велешките пожарникари брзо интервенирале

Објавено: 25 јуни, 2026, во 12:50 часот

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречи ширење на пожар што избувнал денеска кај Долни Дуќани, покрај железничката пруга.

-Во 10:37 примена е дојава за запалена сува трева покрај пругата и на терен веднаш се упати едно противпожарно возило и двајца пожарникари-спасители. По пристигнувањето, екипата го локализираше и целосно го изгасна пожарот, со што беше спречена поголема штета и ширење на огнот кон околниот простор, соопштија од ТППЕ Велес.

Пожарникарите ги потсетуваат граѓаните навремено да пријавуваат пожари и други опасности на бесплатниот телефонски број 193.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.