Пожар од ќумбе зафати куќа во Велес

Објавено на 6 октомври, 2025 во 09:26
Фото: Архива на Дума.мк

Територивалната против пожарна единица вчера попладне, во 16:45 часот, прими дојава за запалена куќа на ул. Богдан Каракостев во Велес. Четворица пожарникари спасители со едно противпожарно возило се упатија кон локацијата на пожарот која што се наоѓаше на источната страна на градот со стрмни и тесни улици.

„По пристигнување на лице место, констатирано е дека станува збор за запалено ѓубре. Поради тесните улици и непристапниот терен, екипата беше приморана да гаси со црева поврзани од соседните куќи. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на пожарникарите, пожарот е во целост изгаснат, со што е спречено негово проширување,“ соопшти Територијалната противпожарна единица Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.