Пожар во напуштена куќа во Градско, гаснеа велешките пожарникари

Објавено на 2 декември, 2021 во 14:50

Во населба Градско, вчеравечер, околу 20:00 часот избувнал пожар во стара напуштена куќа кај зградата на железничката станица. Пожарот веднаш бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес. Полициските службеници побарале пожарникарска интервенција.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Велес и нема повреди лица, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

На местото на настанот бил извршен увид.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.