Пожар во стан во Велес, сопственикот по укажана лекарска помош во добра здравствена состојба
Објавено на 6 септември, 2022 во 12:33
Во стан во Велес вчера настанал пожар а соственикот, четириесет годишниот велешанец Д.С вдишил чад по што бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес за укажување на лекарска помош. Доктор Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница, рече дека пациентот по укажана лекарска помош е во добра здравствена состојба и дека е задржан на болничко лекување на Интерно одделение.
Пожарот којшто настанал во станот на улица „Славко Горгиевски“ бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес.
Слујачот бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 12:30 часот и увид извршила екипа на СВР Велес.
Стефани Манева