Пожар зад бутик „Синсеј“ – Интервенираше Противпожарната единица Велес

Територијалната Противпожарна единица Велес, вчера во 20:05 часот, примила дојава за дим кој се издигнувал над плафонот на бутикот Синсеј, лоциран во близина на железничката станица во Велес.
Веднаш по дојавата, на терен било испратено едно противпожарно возило со тројца пожарникари-спасители кои по пристигнувањето на лице место извршиле првична обиколка и утврдиле дека не станува збор за пожар во самиот објект, туку дека гори сува трева зад објектот.
Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа, пожарот бил успешно локализиран и изгаснат без да предизвика поголема материјална штета или повредени лица.
Од Противпожарната единица апелираат до граѓаните доколку забележат пожар или било каква опасност, веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112. Брзата реакција може да спаси животи и имот.
Дума.мк
