Пожарникарите изгаснале запалено возило кај автобуската станица во Велес
Објавено на 19 мај, 2025 во 10:51

Територијалната противпожарна единица Велес рано утрово, околу 05:30 часот, вчера, примила повик за запалено патничко моторно возило на паркингот кај автобуската станица.
На местото на настанот интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. По пристигнувањето, веднаш било пристапено кон гасење на пожарот.
Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил локализиран и спречено е негово ширење. Причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.
ТППЕ Велес апелира на внимателност на граѓаните и доколку забележат пожар веднаш да го пријават на бесплатниот телефонски број 112 или 193.
Дума.мк
