Пожарот кај велешко Дорутовец го гаснат пожарникари од земја и два авиона „ер трактор“на ДЗС (видео)
Објавено: 28 јули, 2026, во 18:09 часот
Два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во моментов го гаснат пожарот од воздух додека од земја гаснат 15 пожарникари – спасители на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес. Ова е најновата информација на Центар за управување со кризи.
Претходно, ДСЗ соопшти дека пожарот во велешката месност „Дорутовец“, избувнал, денеска, во 13:20 часот, на локација веднаш по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот.
-Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во моментот, на терен се пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две ПП возила и шест нивни припадници, соопштија од ДСЗ.
Убавка Јаневска


