Пред велешките матуранти промоција на Меѓународен Славјански Универзитет, со понуда: „Образование за новата генерација“ веќе интересна за врсници од Србија и Хрватска (видео и фото)
Објавено: 23 март, 2026, во 16:18 часот
Матеја Петровска е студентка во трета година на Факултетот за психологија на Меѓународен Славјански Универзитет. Таа е од Велес. За оваа студентка на МСУ, Факултетот којшто го студира има една од подобрите Програми во Македонија. Токму програмата и менторството што студентите го добиваат секојдневно се првите две причини што за неа биле пресудни да се запише на двата универзитетски кампуси поточно во Свети Николе. Петровска пред матурантите рече:
Меѓународниот Славјански Универзитет е составен од четири факултети и два Институти, за инжинерска економија и за Основан во 2004 година овој е еден од првите приватни Универзитети во државата со мисија да биде регионален центар на значајни академски и културни случувања, претставувајќи академска средина која нуди квалитетно и достапно за сите високо образование во процес на пријатно, фер и транспарентно студирање.

Матурантите од Велес имаат можност да студираат на четири факултети на МСУ, меѓу другото истакна проф.д-р Милена Спасовска.

Голем е интересот на матурантите за Факултетот за технички науки и информатика констатираше асистент Марко Бочваров кој помеѓу другото истакна:

Со развиена меѓународна соработка и студентски размени Меѓународен Славјански Универзитет е особено посветен на Менторскиот систем за подобро студентско искуство, потенцираше Софија Радончиќ и додаде:

Тимот кој денеска го промовираше својот Универзитет во Велес детално ги запозна матураните во гимназија Кочо Рацин и трите средни стручни училишта со сите предности на образовниот процес во кампусот во Свети Николе и вториот во Битола, со начините на градење на кариера и стекнатото високо образование, постојаното подобрување и учење како и примената на знаењето во кариерниот развој.
Крајот на промоцијата содржеше интересна мотивациска игра за која беа побарани кандидати од присутните матуранти во сите четири средни училишта во Велес. Всушност со нив беа снимени кратки видеа со цел да се прикаже нивното мислење за што конкретно се заинтересирани додека се образуваат на високошколска образовна институција или кон што се стремат, што ги привлекува или асоцијации за Меѓународен Славјански универзитет кои потоа се објавуваат на официјалната веб страница или на профилите на социјалните мрежи на МСУ. Така публиката следи што се случува на секоја презентација на овој Универзитет во сите училишта и градови во Македонија.

Oсвен дома, програмите за образование на четирите факултети на МСУ, Факултет за економија и организација на претприемништво, Факултет за психологија,Факултет за технички науки и информатика како и Факултет за правни науки се популарни и помеѓу матурантите во странство затоа што во последните години зголемен е бројот на студенти кои се државјани на соседна Србија нли се студенти со завршено средно образование во Хрватска.
Убавка Јаневска


