Прехранбени пакети за загрозените семејства од Кавадарци

Објавено на 17 мај, 2021 во 16:23

Под мотото „Нулта глад“ продолжува работењето на банката за храна во Кавадарци. Денеска пристигнаа осумдесет пакети со прехранбени производи наменети за најзагрозените семејства. Пакетите се обезбедени преку проект финансиран од Европската Унија.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев се заблагодари за донацијата и истакна дека општината и понатаму ќе го поддржува работењето на банката за храна.

„Ние како банка за храна и општина ќе дополниме со уште 20 пакети со храна. Тука нема да застанеме, малку да се по стабилизираме и ќе го продолжиме овој проект на повисоко ниво. Во план ни е да се набави ново возило за банката за храна во Кавадарци“ рече Јанчев.

Дистрибуцијата на пакетите со храна до семејствата ќе биде во наредните денови.

Претседателот на банката за храна Душко Христов најави дека пакети со храна, обезбедени од проектот финансиран од ЕУ,   ќе бидат доставени и во 20 други општини во земјава.

„Кавадарци денеска е прва општина каде е поделена храната. Во 20 општини во наредните денови ќе се делат во Македонија. Тоа е нашето заедништво и таа синергија што сакаме да ја покажеме.  Можам да кажам дека банката за храна во Кавадарци е модел и за други општини.“ изјави Христов.

Aнгел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.