Прекин во водоснабдувањето на две улици во Велес поради работи на водоводната мрежа

Објавено: 5 август, 2025, во 10:54 часот

ЈКП „Дервен“ информира дека поради неопходни работни активности на водоводната инсталација, денес ќе дојде до прекин на водоснабдувањето на дел од корисниците на улиците Благој Јосмов и Јован Алабаков.

Според соопштението од претпријатието, прекинот ќе трае приближно три часа, во текот на кои ќе се вршат интервенции за санација и подобрување на водоводната мрежа.

Од ЈКП „Дервен“ апелираат граѓаните кои живеат на овие улици да имаат разбирање за привремениот прекин.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.