Прекршен полициски час и нови казни за велешани
Објавено на 31 мај, 2021 во 12:03
Основното јавно обвинителство во Велес, до Основен суд Велес, поднесе предлози за издавање на казнен налог против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.
Постапката е поведена бидејќи обвинетите го нарушиле полицискиот час и за време на важечката забрана за движење, без дозвола, се движеле на различни локации.
За осомничените предложено е изрекување парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, вкупно 800 евра во денарска противвредност.
Стефани Манева