Пресуши долниот тек на река Бабуна (ФОТО)
Наместо бистрата ладна вода и живиот свет, во коритото на долниот тек на река Бабуна останаа само камењата. Причините за еколошката катастрофа можат само да се претпоставуваат. Ниската свест на граѓаните за природните богатства и реткости, екстремно високите температури што не задесија летово или пак незаконското злоупотребување на водата од реката за други цели.
Фотографиите што граѓани ги испратија до редакцијата на Дума.мк се повеќе од загрижувачки но и предупредувачки, дека секој од нас како поединец треба да се заложи за заштита на природата, реките и езерата, затоа што тие ни припаѓаат подеднакво на сите нас.
Долниот тек на реката Бабуна е дел од карактеристичниот пејзаж заштитен со закон, природно богатство обвиткако со карпести пештери и единствениот белоглав орел.
Дума.мк побара став од локалната самоуправа и оттаму велат дека направиле увид на состојбата пред три дена и сметаат дека причина за пресушувањето на реката е сушата и екстремно високите температури.
Стефани Манева