Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Објавено: 5 февруари, 2026, во 11:52 часот

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, во 22:00 часот го лишија од слобода А.М.(38) од Кавадарци.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.