Претрес во велешко, пронајдена поголема количина на дрога, приведени две лица
Објавено: 28 септември, 2025, во 13:34 часот
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, доцна попладне, околу 18:00 часот ги лишија од слобода Г.Л.(46) и Г.Д.(39), двајцата од Скопје.


-По претходно добиени сознанија, а врз основа на наредба од Основен суд Велес, извршен е претрес во викенд куќа и помошни простории во атар на село Карабуниште, велешко, кои ги користи Г.Л. При претресот, во близина на викенд куќата се затекнати Г.Л. и Г.Д. како од нива откопуваат стебла од растението канабис, а пронајдени се и повеќе кофи и вреќи со марихуана, машина за обработка на стебла канабис и пиштол. Лицата се задржани во полициска станица известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


