Претстојните локални избори најверојатно ќе ја спасат велешката бизнис заедница од цените што ги плаќа за комунален отпад

Објавено: 4 август, 2025, во 15:06 часот

Дел од велешката бизнис заедница тврди дека во изминатите 27 месеци по донесување на Одлуката на Совет на Општина Велес, за пресметка на надоместокот за собирање и транспортирање на комунален отпад според површина на нивните плацеви, изразена во метри квадратни, наместо по количината во метар кубен произведен отпад , не ги плаќала или делумно плаќала дел од сметки на ЈКП „Дервен“. Една од фирмите којашто се соочила со наплата на долгот од страна на ЈКП „Дервен“ по судски пат и во постапка докажувала незаконитост на одлуката, на применетиот нов тарифник, со недефинирана цена на услуга, којашто не одговарала на важечки Договор со велешкото јавно комунално претпријатието е ДТТУ „ЈООПОНЕ ДООЕЛ“.

Сопственикот Никола Тодоров вели дека не ги плаќал сметките на ЈКП „Дервен“ поради тоа што не потпишал Договорот по донесена Одлука на Совет на Општина Велес, во март 2023 година, затоа што смета дека ни Одлука ниту применетиот тарифник е според важечка Методологија за пресметување  на цена за собирање, транспортирање и отстранување комунален отпад.

-Основен суд Велес се изјасни дека Договорот со ЈКП „Дервен“ валиден е, не е раскинат бидејќи не е раскинат. Судската Одлука ја обжали „Дервен“ во Апелационен суд Скопје. По повеќе од една година, на 21 мај, годинава се изјасни дека ги уважува жалбите но не се изјасни што да се направи туку ја укина Одлуката на Основен суд Велес и го врати предметот на повторно разгледување со некое објанување дека на повисокиот суд не му било јасно и дека станува збор за јавна давачка, ѓубрарина, коешто е спротивно на Закон значи е услуга. Тоа значи дека од септември повторно во Основен суд Велес ќе се води судски процед, рече Тодоров.

Тој додава дека со новиот Закон за управување со отпад, донесен во 2021 година,  јасно е дефинирано формирањето на Регулаторна комисија за формирање на цени и за комунален отпад на територија на државата. Комисијата требеше да биде формирана, заклучно со месец август 2023 година, но до денеска петте члена не се избрани и не се донесени  дополнителните Амандмани со кои рокот на нејзиното формирање ќе се пролонгираше до крајот на наредната година.

-Тоа значи дека има Закон којшто стапил на сила но не постои Комисијата која што треба да ги оправда фактите и да ја донесе одлуката ниту по шест години, додаде Тодоров кој заедно со тужените и со останатите сопственици на фирми очекува на дневниот ред на наредната седница на Совет на Општина Велес да се најде Предлог Иницијативата за пресметка на комунален отпад.

За велешките бизнисмени примената на актуелното тарифирање на комуналниот отпад претставува данок на имот а не наплата на услуга и ќе ги спречи потенцијалните инвеститори да инвестираат во Општина Велес. Според нив со секоја градба има фиксна давачка без разлика дали станува збор за одговорна компанија која применува рециклирање или не, на комуналниот отпад. Тие не веруваат дека во велешката општина би се осудил инвеститор да изгради објект за кој би плаќал 5000 или 6000 евра за ѓубрарина.

Дума.мк побара став од прозваното комунално претпријатие. Во писмениот одговор на новинарските прашања пишува:

„ЈКП Дервен наплаќа за услугата „Собирање и транспортирање на комунален и индустриски неопасен отпад на територијата на Општина Велес“ врз основа на постоечката законска регулатива, односно последната Одлука донесена од страна на Советот на Општина Велес која стапи на сила на 01.07.2023 година. 

Одлуката како и ценовникот според кој што ЈКП Дервен наплаќа за услугата, а согласно донесената Одлука на Советот на Општина Велес можете да ги погледнете на следниот линк: https://derven.mk/cenovnik-za-sobiranje-otpad/

Инаку, претходно од 2018 година до март 2023 година , тарифирањето на комуналниот отпад за фирмите на територијата на Општина Велес се реализираше според методологија на пресметка по метар кубен за комунален отпад. Потоа во периодот од март до јуни 2023 година по носењето на Одлуката од страна на Советот наплатата се реализира по метар квадратен  и на реакција на бизнис заедницата се менува Одлуката со тоа што им се бришат по 100 тони комунален отпад за да се продолжи со наплата по метар кубен во период од наредни четири месеци и на крај фирмите да добијат  образложение за плаќање според класификација која фирма како е заведена во Централен регистер.

Според информации на Дума.мк, на неполни три месеци пред одржување на локалните избори, сите политичките парципиенти во Советот на Општина Велес, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и Левица, прифатиле да расправаат по Предлог Иницијативата на бизнис заедницата на седница што ќе се одржи најверојатно на 20 август.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.